Новости

Апел на општина Чаир

Општина Чаир апелира до сите еснафи во Старата чаршија и до граѓаните да не ги паркираат своите возила по улиците на чаршијата, туку да ги употребуваат страничните паркинзи.
Скопската чаршија во изминатиот период има претрпено неколку промени и развои што не се во согласност со нејзината примарна функција.
Повеќе...
 

Забава низ кафулињата

Низ чаршијата, има кафулиња за сечиј вкус. Ракија Бар “Калдрма”, “Наргиле Кафе”, “Винотека Темов”, “Паша”, Пивница “Стар Град”, Фиш енд Џез “Њу Орлеанс”, Дамар… 
Репертоарот на овие кафулиња секој ден е различен, но претежно се тоа свирки со џез, блуз, рок, чалгии, или турска ориентална музика. Во “Калдрма“ во понеделник има староградска и инструментална музика, во среда и сабота Ин Д Муд...
Повеќе...
 

Декоративна пластика

Декоративна пластика од исламските сакрални споменици

 
Во Музејот на Македонија на четврти февруари 2011 година отворена е изложба на фотографии на кои се презентирани триесетина скулптурални елементи од повеќе сакрални исламски објекти во Скопје, Битола, Куманово, Тетово и Прилеп. Објектите се изградени во 15 и 16 век. „Изложбата опфаќа дел од богатото и разновидно културно богатство во Македонија
Повеќе...
 

Прешернов ден

Во рамките на одбележувањето на словенечкиот културен празник „Прешернов ден“, на осми февруари 2011 година во Музејот на современата уметност во Скопје беше отворена изложбата на фотографии „Зближувања“, на уметниците Метка Вергнинон, авторка со словенечко потекло, која живее и работи во Женева, и Наташа Димовска-Узуновска од Македонија.
Повеќе...
 

„Добар“ во вторник во ГЕМ клубот

Овој вторник Ви закажуваме проекција на филмот „Добар“ во 21 часот како дел од редовните филмски вечери во ГЕМ клубот.Брилијантниот Виго Мортенсен во филмот „Добар“ го игра Германецот Џон Халдер, професор по книжевност во 1930-тите.

Повеќе...
 

Анкета: Се враќа ли животот во Старата скопска чаршија?

- За Чаршијата да блесне повторно во сиот свој сјај треба да се инвестира во реставрација на фасади и да се внимава на објектите што се нови да се “вклопат” со старата архитектура за да не се изгуби концептот. Центарот за Заштита на споменици врши добра работа во тој поглед. Битно е исто така, да се вложи во зачувување на старите занаети.
Повеќе...
 

“1900“ на Бернардо Бертолучи во ГЕМ

Вториот дел од филмот “1900“, познат и како “Дваесетти век“, ремек-дело на италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи, ќе биде прикажан на 25 јануари во 21 часот во ГЕМ клубот.
Епската историска драма на Бертолучи е метафорична хроника на подемот и падот на фашизмот во Италија во текот на првата половина од дваесеттиот век.
Повеќе...
 

Чаршијата во 20 век

stara carsija 1.jpg
Чаршијата во 20 век и по катастрофалниот земјотрес
За време на Првата светска војна Скопје, до 29 септември 1918 година, е под окупација на бугарско-германско-австриските војски, изложено на големи тешкотии, страдања и насилство. По завршувањето на војната, Скопје станува административен центар на “Јужна Србија”,
Повеќе...
 

За перењето пари во ГЕМ

На 13 јануари (четврток), 2011 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи четиринаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“ на тема „За перењето пари“.
 

Домаќин на дебатата ќе биде Владимир Милчин, а негов гостин Ване Цветанов. 

Повеќе...
 

Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ

Од 24 до 30 декември во ГЕМ клубот ќе се одржи новогодишниот “Саем на книга“ на кој ќе можете да ги најдете изданијата на издавачките куќи Темплум, Или-Или, Магор, Антолог, Сигма прес, Слово, Евро Балкан прес и Блесок.
 
Саемот ќе биде отворен за посетителите секој ден освен недела од 12 до 20 часот.
Повеќе...
 

Столпчиња ќе ја штитат чаршијата

Столпчиња ќе ја штитат чаршијата од возила
 
Општината Чаир деновиве почна да поставува дваесетина хидраулични и статични столпчиња на влезовите во Старата скопска чаршија. Столпчиња ќе бидат поставени на осум локации и тоа кај главниот влез на улицата Битпазарска, кај некогашната Стоковна куќа „Мост“, кај споменикот Скендер-бег, Домот на занаетчиите, хотелот „Арка“, Куршумли ан, Мустафа-пашината џамија и црквата...
Повеќе...
 

“Месечината и ѕвездите“

ГЕМ клубот закажува уште една филмска вечер, а овој пат на нашиот репертоар е филмот „Месечината и ѕвездите“ на режисерот Џон Ирвин. Како и секоја недела - филмски ден е вторник во 21 часот, а локацијата просториите на ГЕМ клубот (над кафулето „Менада“ во Старата чаршија).

Приказната во оваа историска драма е “врзана“ околу правењето на филм базиран на операта на Пучини, „Тоска“.

Повеќе...
 

Компилација на „Токсикологија“

На 9-ти февруари 2011 година во винотеката Темов, во Стара Скопска Чаршија, македонскиот хип-хоп издавач Токсикологија мјузик ја промовираше својата прва компилација - збирка македонски квалитетен хип-хоп, на која покрај артистите на Токсикологија:Пука Козметика, Сиги, Кацар, Скит Скитара, АцеНЛ, Зеле, ДЈоле, Слаткаристика, се појавуваат и Тони Зен, Л.Б.
Повеќе...
 

„Медиумска војна"

На трети февруари 2011 година, со почеток во 19.00 часот, повелете во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, на седумнаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“.
 
gem.jpgОвој пат на тема „Медиумска војна – крах на новинарството!“.
 
Домаќин на дебатата е Роберто Беличанец, а негов гостин ќе биде Сеад Џигал.  
 

“Мефисто“

Проекција на оскаровецот “Мефисто“ на култниот Иштван Сабо во ГЕМ
Во вторник, на први февруари во Клубот ГЕМ ќе се одржи проекција на оскаровецот “Мефисто“ на култниот Иштван Сабо.
Cнимен според истоимениот роман на Клаус Ман, филмот „Мефисто“ на култниот унгарскиот режисер Иштван Сабо, ќе биде прикажан на 1 февруари (вторник) во ГЕМ клубот со почеток во 21 часот.
Повеќе...
 

„Нашите во Стамбол“ во ГЕМ

gem 16.jpg

На 27 јануари ќе се одржи шеснаесетото „Зборно место“ со почеток во 19 часот во ГЕМ клубот.
 
Најпрво ќе има проекција на документарниот филм „Нашите во Стамбол“ а потоа на истата тема домаќинот Драги Ѓоргиев ќе разговара со своите гости Елизабета Конеска и Роберт Јанкулоски.
 
Од ГЕМ ве повикуваат да го проследите документарниот филм „Нашите во Стамбол“.

 

Повеќе...
 

ГЕМ Зборно место:

gem 15.jpgПолитички апсења и притисоци

За политичките апсења и притисоците врз водачите на незадоволните граѓани се разговараше на 15-тата дебата од циклусот „Зборно место“ одржана на 20-ти јануари 2011 година во ГЕМ клубот. Гостите на дебатата, битолските земјоделци Кире Неделковски и Душко Илиевски, преку своите лични искуства ги објаснија различните видови притисоци од страна на власта,

Повеќе...
 

Десет години Википедија

Десетгодишнината од постоењето на Википедија се одбележа и во Скопје. Главниот настан во организација на „Викимедија Македонија“ се одвиваше во кафе-барот „Ла Кања“ на 15 Јануари оваа година во Старата скопска чаршија. Веднаш после средбата на вики-заедницата на Македонија, се одржаа неколку презентации и, секако, роденденска журка со диџеи на Канал 103.
Повеќе...
 

Соништа во длабок печат

На 29 декември 2010 година, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се отвори самостојна изложба на Соња Димовска под наслов „Соништа во длабок печат“. Соња Димовска (1974 - та, Скопје), дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности, оддел графика, а член е на ДЛУМ од 2000 година. 
Повеќе...
 

„ФОКУС 1969‐1972“ во ГЕМ

Дигитализирано младинското списание „ФОКУС 1969‐1972“ во ГЕМ
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организира дебата и
промоцијата на дигитализираното младинско списание „ФОКУС 1969‐1972“.
Целта на дигитализацијата на „Фокус“ е тој да остане во наследство на идните генерации но и да им послужи на проучувачите за историски,...
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL