Златар Кујунџија Филигран “Џељо”

 
 
 



Во старата скопска чаршија по долгата златарска улица од далеку ќе го препознаете знакот на златарот, кујунџија и филигран “Џељо”. Овој дуќан успешно опслужува со златен и сребрен накит уште од далечната 1966 година и преставува воедно и најстарата златара во чаршијата.  Уште еден пример за златарски занает кој успешно егзистира во старата чаршија користејќи го искуството и квалитетот на долгогодишната  традиција. Притоа за квалитетот и успешноста во работењето говорат и многубројните признанија кои ги има добиено “Џељо” , а дел од овие признанија се освоениот Гран При за уметност во Романија во 1998 година како и признание од Американската Амбасада за уметнички изработки доделено од страна на Линда Батлер.
Во златар, кујунџија и филигран “Џељо” имате голем избор на златен накит, сребрен накит, изработка на сребрен филигран и многу други производи изработени од злато и сребро. Исто така во “Џељо” се врши и поправка на златен, сребрен накит како и изработка на накит по нарачка.
Повелете кај златар, кујунџија и филигран “Џељо” и одберете си парче накит на кое ќе Ви се восхитуваат сите!
 

    
 
    
 
    
Контакт податоци
Адреса: Стара Чаршија 39
1000, Скопје
Тел. + 389 (2) 3117 769
Е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Контакт лица: Џељадин Асани, Зејнула Асани - Ѕуни