Худаверди џамија

Овој објект се наоѓа на просторот меѓу Куршумли ан и Бит – пазар, а изградена е во 16 – ти век. Повеќе пати е уривана, а целосно е обновена во текот на 1995 година.
Нејзините ѕидови се изградени во класична османлиска техника, со четири редови тула и еден ред камен. На сочуваниот трем постојат столбови, кои укажуваат на фактот дека и џамијата и тремот некогаш биле покриени со купола.