Алегори

 “Алегори“ нова арт галерија во Старата скопска чаршија

 
Започна со работа новата уметничка галерија “Алегори“. Изложбениот простор се наоѓа во центарот на Старата скопска чаршија во непосредна близина на Капан Ан и на Чифте Амам, зад Безистенот. Во арт галеријата Алегори можете да ги погледнете
сликите на познатите македонски уметници:
 
· Павле Кузмановски,
· Јовановиќ Александар
· Ристо Черепналковски,
· Светлана Поповска
· Раде Здравковски
· Имер Бајрами
 
alegori.jpg
 
Исто така во галеријата можете и да уживате во делата на младите неафирмирани македонски уметници:
 
· Максим Димитров
· Влатко Илиевски
· Сашо Ацевски
· Боби Кузмановски
 
Од неодамна резиденцијата на турскиот претседател г-дин Абдула Ѓул е збогатена со слика од арт галерија „Алегори“. Уметничкото дело е на младиот македонски уметник Бошко Кузмановски. Сликата e работена во техниката масло на платно и е со тематика од Скопската чаршија.
 
Боби Кузмановски е млад автор роден 1984 година. Со сликање започнал да се занимава од 12 годишна возраст. Тајните на сликањето ги има научено од познатиот македонски академски уметник Тони Шулајковски. Неговите дела веднаш предизвикуваат внимание, бидејќи се исполнети со многу чувства и возбуда, создадени со одлична прецизност и препознатлив стил. Главни мотиви во неговите слики се урбана архитектура, пејсажот и мртвата природа. Основна техника е маслото на платно, но работи графика, пастел и акварел. Историчарите на уметност во неговите дела гледаат изграден сопствен стил при што делата зрачат со енергичност и возбуда.