Карпошовите востаници

Карпошовите востаници
 
По повлекувањето на австриската војска, градот преминува во рацете на востаниците на Карпош, кои уште пред доаѓањето на трупите на Пиколомини, креваат востание против турското ропство. Меѓутоа, наскоро турскиот заповедник Махмуд паша собира силна војска против востаниците. По тешката и нерамноправна битка во Куманово – главното упориште на востаниците – Карпош е заробен, а утврдените востаници во Скопје, по налетот на турската војска, потпомогната од кримските Татари, се поразени, а Карпош е набиен на кол на Камениот мост и исечен на парчиња. Веднаш потоа за несреќното немуслиманско население наидуваат тешки години, исполнети со терор, страдања и грабежи, кои ќе траат и во првите децении на осумнаесеттиот век.