Турбе Бикиј Хан

Прозорците се поставени по два во приземните партии и по еден осно поставен меѓу нив во горниот дел. Прозорците во приземјето од надворешната страна се заштитени со челични решетки, а од внатрешната со двокрилни капаци. Горните прозорци од внатрешната страна биле декоративно профилирани во гипс и застаклени. Во аглите под тромпите е застапена пластична декорација во вид на правоаголници, што се поставени еден врз друг, а внатрешноста на турбето била орнаментирана со претстави од растителен карактер, од кои се зачувани само фрагменти.