Романсата во Капан Ан

kapan an 1.jpg

Да! Зборуваме за едно од најромантичните места во Старата Скопска Чаршија, мистичниот Капан Ан. Изграден во средината на XV век од страна на Иса бег, како ан функционирал се до Втората Светска војна. Името го добил според јавниот кантар кој бил сместен во анот односно пред неговите порти, на кој се мерела увезената стока. Анот се состои од два влеза, приземје и кат.
Во него се сместени вкупно 44 простории кои порано служеле за сместување на патниците и трговците со нивните карвани. Делот од чаршијата околу анот била наречена Капан чаршија, а чешмата пред неговиот влез Капан чешма. Земјотресот од 1963 година беше причината за Капан Ан целосно да се возобнови од периодот од 1971 до 1973. Денес во него се сместени занаетчии, трговци и секако угостители.
Денес можеме да се пофалиме дека имаме едно сосема култно место каде младите можат да најдат забава соодветна за сечиј вкус. Капан Ан ни нуди неверојатни журки и настани во текот на целата недела а својата кулминација ја постигнува за време на викендите. Младата популација е сосема задоволна од пристојните журки кои се наоѓаат на репертоарот на Капан Ан. Има апсолутно се’. Од техно журки до невидени танго перформанси кои дефинитивно ќе ве остават без здив. Од турски вечери до луди симфонии, drum` n bass…
 
Сите собрани на едно место, разиграни помеѓу старите турски ѕидови. Никој на никого не му пречи. Главната цел е расположување до максимум. Со сета оваа ново родена енергија како полека да оживува излегувањето во Старата чаршија во 90 тите. Кога се’ било скоро совршено и кога воопшто не се мислело на безбедноста во чаршијата и било важно само дали ќе биде готов бурекот пред полноќниот автобус. Капан Ан ни нуди една ретроспектива на Скопје на досега невиден урбан начин. Како да сака да „носталгираме“ по старото Скопје но воедно и да не почести со нови весели вечери за памтење. Секоја вечер имате неверојатни кавер бендови кои на одличен начин ќе ви ја „утепаат“ досадата дома. Новата екипа задолжена за Капан Ан е толку урбана и супер што нема грешка во организацијата досега. Ова ви е доволно да се спремите и да го откажете филмот викендов и да се изнажуркате во ноќниот клуб на Капан Ан.
 
Воопшто нема да биде проблем и доколку се чувствувате гладни. Неверојатната храна во Капан Ан ќе направи да се чувствувате како нови. Спремни за нови предизвици. Идеално место за ручек по напорниот работен ден, ви нуди најразлични специјалитети подготвени од единствената кујна на Капан Ан. Толку многу што нема да знаете што да одберете. Традиционална и современа истовремено. А пак пијалоците... Позната и како „Пивница Ан“ ви нуди незаборавни голтки добро пиво измешано со супер кантри и џез музика. И така нарачувате уште едно, па уште едно ... Совршено и за вечера во срцето на Старата чаршија, плени со амбинетот и прекрасните салати во арапски стил кои ќе ви ги понудат како вечерно мени. Под ладовината на прекрасната тераса или внатре , без разлика, вие ќе се чувствувате возобновени.
 
kapan an 2.jpg
Верувам дека сега ќе посакате да го посетите Капан Ан доколку сеуште не сте го сториле тоа. Без разлика за што ќе се одлучите нема да погрешите. Овој викенд ќе ве очекува Мирко Попов и Басс чаршија за уште еден луд помин. Ваше е само да го понесете доброто расположение со вас а истото ќе биде надоградено таму. Потсете се на магијата и убавината која ни ја нуди чаршијата на која малку треба да и помогнеме за да ги вратиме старите добри времиња за неа.
 
Затоа ајде сите на журка во Капан Ан !
 
 
Александра Маневска