Чифте - амам

Чифте-амамот е амам (јавна бања) во старата скопска чаршија, Скопје. Подигнат е во средината на XV век од страна на Иса бег и завештан за потребите на издржување на неговите задолжбини во Скопје, медресата и теќето.

Локација



Уредување на анот

Припаѓа на типот на двојни амами (турски: çift - парен, двоен), но е изграден по должина, така што машкиот и женскиот дел се составуваат со просториите за бањање, додека гардеробите се наоѓаат на краевите.
Во двата дела ритуалот на капење бил идентичен. Од гардеробата се влегувало во просторијата за аклиматизација. Од неа се влегувало во помошните простории (во женскиот оддел депилација и тоалет, а во машкиот – берберница и тоалет) и во главната просторија за капење. На средината на оваа просторија имало постамент од камен на кој се лежело за препотување или масажа. Ова место во женскиот дел се викало „роза на амамот“. Околу имало три простории со повискока температура, т.н. халвети. Покрај ѕидовите на главната просторија и во халветите, имало поплочени седишта и мермерни корита (курна), од кои се црпелаа водата за капење. Еден од халветите во женскиот дел на амамот бил адаптиран за ритуално капење на скопските евреи и во него наместо мермерно корито имало базен.