Црква „Св. Великомаченик Димитриј“

Црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ се наоѓа во непосредна близина на Камен мост односно, на самиот почеток на Старата скопска чаршија од нејзината јужна страна. Што се донесува до историјата на овој православен храм, таа и натаму останува тајна, поради уништувањето на стариот живопис за време на реновирањето на црквата во минатиот век и постојаните поправки и доградби, предизвикани како од природните катастрофи, така и од воените и политички збиднувања низ вековите. Меѓутоа, речиси со сигурност може да се потврди нејзиното континуирано постоење од 13 век. Храмот бил оштетен од земјотресот во 1963 година и обновен е две години подоцна, а зографисувањето го извршил зографот Крсте Колоски. Во неговата припрата се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената автолефална Македонска православна црква, Архиепископот Охридски и македонски господин господин Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид - гробот на Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Ангелариј.Голема вредност имаат иконите во параклисот на излезот од црквата, подарени уште во 1785 - та, како и иконата на Св. Мајка Богородица, која се наоѓа во обновената крстилница.