За Чаршијата


Старата скопска чаршија се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Чаршијата претставувала атрактивен простор за сите патеписци и посетители на Скопје во минатото.

Турскиот патеписец Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-61 год. забележал:

„Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (Памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.“ 

 

Список на улиците во старата чаршија