Историјат

Старата чаршија во Скопје претставува најголема чаршија на Балканот, која се наоѓа надвор од Истанбул.

Лоцирана на источниот брег од реката Вардар, чаршијата била градски центар за трговија уште од 12-от век. Скопската чаршија брзо се развивала, а нејзиниот врв го достигнала за време на османлиското валдеење на балканските простори. Како доказ за тоа се многубројните објекти кои биле лоцирани во старата чаршија како што се џамиите, неколкуте анови, и други турски објекти. Иако исламската архитектура доминира во чаршијата, сепак постојат и неколку цркви.

Археолошките докази пронајдени на тврдината Кале сугерираат дека Старата скопска чаршија била населена уште во 4.000 година п.н.е., додека првите историските записи укажуваат на тоа дека за прв пат чаршијата била населена во 6 век п.н.е. од страна на Пајонците. Во 6 век п.н.е византискиот император Јустинијан I ја изградил тврдината Кале на еден рид, од кој подоцна почнува да се простира скопската чаршија. Областа станува главен трговски центар во 12-от век.
 
Во 1392год., Македонија била освоена од страна на отоманските Tурци кои го именувале Скопје како Üsküp. За време на османлиското владеење, чаршијата го достигнува својот врв и се здобива со големо значење при што станува еден од најважните економски центри.
 
Градот набрзо станува место во кое доминирало муслиманското население кое придонело за обликувањето на неговиот изглед во тој период преку градење на многубројни објекти како што се многубројните џамии, анови, амами и други исламски градби кои се јавувале во градот.
 
Старата скопска чаршија денес се наоѓа во скопската општина Чаир која брои 64.773 жител. Повеќето од половина се етнички албанци, една четвртина се македонци, а останатото население се состои од турци, бошњаци и роми.  
Во денешно време, неколку од историските објекти во старата скопска чаршија се користат како музеи.