Иса-бегова џамија

Иса - беговата џамија изградена е во 1475 година во раноцариградски стил по примерот на познатата Махмут-пашина џамија во Истамбул. Нејзин ктитор е Иса-бег, син на Исхак-бег, основачот на Алаџа џамија. Според зачуваниот натпис, џамијата била изградена по смртта на Иса-бег, како негова задужбина.

 

Локација

Куршумли ан се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје.


Први податоци
Изградена е во 1475 година во раноцариградски стил по примерот на познатата Махмут-пашина џамија во Истамбул. Нејзин ктитор е Иса-бег, син на Исхак-бег, основачот на Алаџа џамија. Според зачуваниот натпис, џамијата била изградена по смртта на Иса-бег, како негова задужбина.


 

Функции на локацијата
Во рамките на џамијата некогаш постоеле медреса и библиотека со повеќе од 320 разни ракописни книги. Според Глиша Елезовиќ, "како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, оваа библиотека може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век".


 

Уредување на анот
Овој објект е изграден од делкан бигор со хоризонтални редови на тули. Неговата фасада во горниот дел завршува со дворедни венци изведени во форма на цик-цак. Има лонгитудинална основа (19 метри) со две куполи покриени со олово, со што и се разликува од другите џамии. Подоцна на градбата од северната и јужната страна се доѕидани по две помали простории со што значително е намалена видливоста во нејзината внатрешност. Пред нејзиниот влез, како и кај повеќето други џамии, е изграден трем, кој е покриен со пет помали куполи и прекршени аркадни лакови. Минарето на џамијата е високо 34 метри.