Алегори

alegori.jpg

“Алегори“ нова арт галерија во Старата скопска чаршија

 
Започна со работа новата уметничка галерија “Алегори“. Изложбениот простор се наоѓа во центарот на Старата скопска чаршија во непосредна близина на Капан Ан и на Чифте Амам, зад Безистенот. Во арт галеријата Алегори можете да ги погледнете
Повеќе...
 

„Кока силвер“

На улицата 106 бр. 43 во Старата скопска чаршија, повеќе од две децении едно од најпопуларните места за шопинг на статусни детали е продавницата „Кока силвер“. Причината е уникатниот рачно изработен сребрен накит (за жените, но и мажите) што ги следи светските трендови , но и несекојдневните филигрански модни додатоци, дополнети со бисери и благородни минерали. Редовно на понуда се и најновите колекции од француската дизајнерска линија „So CHIC“, во чии колекции се потенцираат прстените како главен украс за женската рака. Блескавите гламурозни парчиња изработени се од висококвалитетно сребро и полускапоцени камења како оникс, топаз, аметист или сваровски кристали во бела и црвена боја.  
 

„Екстра бижутерија“

Она што ја прави продавницата „Екстра бижутерија“ (ул. 107 бр. 50) интересна е накитот со природни, јапонски култивирани бисери, што подразбира, алки, гердани, прстени, обетки и брошеви. Во овој простор ќе најдете и бижутерија од различни материјали, но и филигранска изработка на сребро. 
 

„Ориентал“

Бутикот „Ориентал“ (ул. Белградска бр. 7) е специјализиран за продажба на килими,
фустани, здолништа, чорапи, накит и сувенири изработени во етно стил и од природни материјали. Мотивите што ги красат главно се земени од исламската традиција, но и од хиндуизмот и христијанството. Вистинско место за сите оние што сакаат поразличен стил, како во облекувањето, така и во дотерувањето на домот.
 

„Trend Shoes“

Спроти поранешната стоковна куќа „Илинден“, на улица Битпазарска, сместена е атрактивната продавница „Тренд шуз“, специјализирана за елегантни женски обувки. Тука, на понуда се голем избор на чевли наменети исклучиво, за вечерни излегувања, а на полиците, покрај домашните производители се и италијански и турски линии од познати брендови во чевларската индустрија.
Повеќе...
 

„Квалитет“

Веќе педесеттина години на посетителите на Старата скопска чаршија, незаобиколно место при купувањето на чанти, паричници и куфери им е дуќанот „Квалитет“. Изработени од еко и природна кожа, во класични, но и трендовски нијанси и модели, овие неопходни предмети во сечие секојдневие, ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите купувачи. Децениската традиција, само е потврда плус, дека квалитетот на изработката е загарантиран. 
 

„Сувенири“

На влезот во Старата скопска чаршија (веднаш до некогашната стоковна куќа „Мост“) се наоѓа живописната продавница за сувенири, изработени од волна и памук. Рачно ткаените носии, торби, черги, шалови, чорапи, прекривки... во сечиј дом ќе внесат чувство на топлина, но се и пригоден подарок за пријателите и роднините особено, оние што живеат надвор од земјава. Дизајнот на колоритните ткаенини што е инспириран од сите етнички заедници во Македонија, го прави ова место мошне атрактивно, не само за локалните жители, туку е неизбежна точка за посета и за странските туристи.