Фурнаџии и слаткари

Занаетите во врска со исхраната биле исто така доста застапени во Старата скопска чаршија. Ф урнаџиите, покрај тоа што изработувале готови производи за пазарот, вршеле и услуги од типот печење леб, месо и друго, што ги подготвувале самите домаќинства.
Повеќе...
 

Декор – крзно

Занаетчија - преработка на крзно
 
Едно од местата каде можете да најдете голем избор на рачно изработени предмети од природно крзно и кожа е „Декор крзно“ на ул. Лазар Танев број 33, во Старата скопска чаршија.
Повеќе...
 

Столари и колари

Во Скопската чаршија биле застапени, и занаети чијашто основна суровина е дрвото. Богата е традицијата на украсување дрвени предмети со седеф и коска. Столарскиот занает бил застапен во сите места и благодарение на градењето на нови градби и побарувачката за изработка на модерен мебел, тој брзо се ширел, се до појавата на конкурентската дрвна индустрија.
Повеќе...
 

Оружарски занаети

Оружарските занаети во Скопје постоеле континуирано повеќе векови. Појавата и развојот на овие занаети е поврзана и со обичајот секој возрасен Турчин да биде вооружен. Тоа било и верска привилегија и верска затворена категорија на занаети.
Повеќе...
 

Образование

Со општо образование занаетчиите, трговците и угостителите се здобивале во основните училишта, а со техничко образование се здобивале преку занаетчиските, трговските и угостителските стручни училишта. Меѓутоа, се до ослободувањето недоволно е водена грижа за техничката и специјалната подготовка од соодветните струки, а уште помалку за нивното општо образование.
Повеќе...
 

Еснаф

За да можат да ги штитат интересите на својот занает или трговија и за да одржуваат внатрешен мир меѓу членовите, занаетите секој одделно или неколку занаети заедно, имале своја занаетчиска и трговска организација – Еснаф.
Повеќе...
 

Кафтанџии и абаџии

Еден од најзначајните и еден од најголемите еснафи во Скопје бил кафтанџискиот занает.
Повеќе...
 

Кујунџии и златари

Во Скопје кујунџиско – златарскиот занает постоел уште пред доаѓањето на Турците. 
Повеќе...
 

Терзиско – срмаџиски занает

Со терзиско – срмаџискиот занает Скопје било надалеку познато. Срмаџиите биле многубројни и изработувале вез од срма и од свила на разни чоени и кадифени облеки.
Повеќе...
 

Папуџиство

Во Скопје и папуџискиот занает е еден од најразвиените и најпознати, чии производи се продавани и во другите блиски градови и во Босна. Папуџискиот еснаф бил влијателен, а овој занает се поврзал со чевларскиот, што почнал да изработува чевли од половината на 19 - от век и во тоа време се сметал како модерен занает.
Повеќе...
 

Ќурчиско - кожуварски занает

Најраспространети занаети во врска со сточарството биле кожарството, ќурчиството и папуџиството. Во Скопје ќурчиско - кожуварскиот занает е еден од најстарите и познати занаети со најјак еснаф.

Повеќе...
 

Развој на занаетчиството

Паралелно со развитокот на градовите се развивало и занаетчиството првенствено, како резултат на потребата од изработка на орудија за обработка на земјата, оружје, за облека и обувки, накит...
Повеќе...
 

Филигранството – дел од срцето на чаршијата

peperutkata[1].jpgФилигранството или кујунџиството претставува еден вид на уметнички занает. Всушност, кујунџиството е група занаети бидејќи него го сочинуваат следните четири гранки: кујунџии со лиење и исчукување предмети, филиграни, златари и џеварџии. Кујунџиите со лиење и исчукување изработуваат предмети за сакралните објекти ( цркви, манастири, параклиси ), за стопанството и за домашна употреба.
Повеќе...
 

Занаетчиството на старите мајстори

златари.jpg
Настанувањето на Старата Скопска чаршија според пишаните податоци и патеписните белешки на познатите патеписци, се следи уште од средните векови. Лоцирана била во централното подрачје на градот и останала сеуште атрактивна дестинација со проширувањето на градот на десниот брег на реката Вардар во периодот помеѓу двете светски војни.
Повеќе...