Новости

Форум за состојбите во музеите

Состојбата со природното и културното наследство во музеите во земјава е темата на која во Музејот на Македонија на 15 април беше одржан форум . Во организација на Македонскиот национален комитет „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Интернационалниот совет на музеите, 
Повеќе...
 

„Апокалипса„ во Менада

На 27 април, во 21.30 часот, во „Менада“ ќе се одржи промоција на книгата „Апокалипса“ од Џабир М. Дерала. На програмата е ексклузивен сценски перформанс на познатиот рок бенд Мугер Фугер и на авторот.
Повеќе...
 

Стоковната куќа “МОСТ“

otvorena most.JPG

отворена за граѓаните

Во Старата скопска чаршија  денес се отвори стоковната куќа “МОСТ“, инвестиција на турската компанија ЕСХ ГРУП во која ќе бидат сместени реони со бутици, парфимерии, продавници за играчки и кафе ресторан.

Повеќе...
 

Студентската изложба на графика

Во Чифте амам се одржа студентската изложба на графика
 
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, оваа година по 24 пат, традиционално ја организираат студентската ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКА во Чифте амам во Старата скопска чаршија.
Оваа година со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и соработка со Националната галерија на Македонија изложбата беше отворена во галерискиот простор Чифте Амам.
Повеќе...
 

Стоковната куќа “Мост“

Од средината на април повторно ќе работи стоковната куќа “Мост“ во Старата скопска чаршија
На три ката ќе се продаваат познати брендови облека, козметика, галантерија, покуќнина и мебел во стоковната куќа “Мост“ која повторно ќе профункционира од средината на април.
Во неа веќе влегоа двајца турски инвеститори Алкан Доган и Левент Аксу, кои со објектот ќе менаџираат во наредниве десет години ќе менаџираат.
Повеќе...
 

Гостување во Детскиот театарски центар

Театарот „Семејство бистри потоци“ од Србија ќе настапи на први април во 20 часот во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија со претставата „Аналогии“.
( Режисер е Божидар Мандиќ, а играат: Милена Јакшиќ, Драгана Јовановиќ, Божидар Мандиќ, Радомир Теодосиевиќ, Кристина Васиќ и Урош Вукша.)
„Аналогии“ е современа претстава за надминување на осаменоста преку освестување на чувството за »оној другиот«.
Повеќе...
 

Шутка моето родно мест

Презентација на компилацијата “Шутка моето родно место“ во Менада

 
Kонцертната промоција на албумот I Šutka tani mo than („Шутка моето родно место“) ќе се одржи на 25 март (петок) во Менада, со почеток во 22.00 часот.
Повеќе...
 

Јубилеј на Личеноски

Во националната установа, Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 23 март 2011 година (среда), во 19 часот, ќе се отвори јубилејната изложба 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски.
Изложбата ќе ја отворат Елизабета Канчевска Милевска, министер за култура на Република Македонија, Маја Крстевска, директор на Националната галерија на
Повеќе...
 

Моден викенд

Третото издание на Модниот викенд Скопје во организација на корпорацијата „Модна недела“ ќе биде отворено в среда, 23 март 2011 година, на сцената во „Пале“, во Старата скопска чаршија, со ревијата на македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски, Пре-Фалл 2011, а потоа ќе биде претставен и брендот „Лудус лав фешн“ на концептуалната продавница „Лудус“, зад која стојат Драган Христов и Елена Апостоловска. В петок, 25 март,
Повеќе...
 

Оксфорски „упатства“

Балканскиот институт за вера и култура, во рамките на својата програма Oxford conections, организира предавање и дискусија на тема „Doing research at Oxford“, што ќе се одржи на 23 март 2011 година, во „Менада“, во Старата скопска чаршија. Присутните всушност, ќе имаат шанса да добијат информации од прва рака за западната култура и образование, а презентери ќе бидат постидипломци, докторанти и предавачи од Универзитетот во Оксфорд.
Повеќе...
 

Велосипедисти на пијалак во Чаршија

Во рамките на „Велофест 2011“, на 28 април 2011 година со почеток во 18.40 часот, се одржа вечерна туристичка прошетка по улиците на Скопје. Стартот беше од плоштадот Македонија, а сите што учествуваа во оваа ноќна авантура, тоа го сторија со сопствен велосипед или со изнајмен на самиот плоштад.
Повеќе...
 

“Да се биде роден низ светот“

На 26 април 2011 година во 20 часот на платото пред Музејот на Македонија ќе биде презентиран проектот С - К - С - Б .. “Да се биде роден низ светот“ на академската уметница Билјана Јовановска.
Повеќе...
 

Ќе заживее стоковната куќа “Мост“

 
По повеќе од десетина години повторно ќе заживее  духот на стоковната куќа “Мост“.
 На 20 април, среда со почеток во 12 часот, во Старата скопска чаршија, повторно ќе се отвори првата стоковна куќа во Македонија, која што ќе врши дејност  како ЕСХ ГРУП, каде што ќе бидат сместени реони со бутици, парфимерии, продавници за играчки и кафе ресторан.
Повеќе...
 

Tрговското срце на градот

Наспроти вековите на немир, судири и уривања, Камениот мост во Скопје, стар 15 векови и денес е тука жив и здрав, поврзувајќи го стариот и новиот дел од градот, мост кој како Андриќевиот мост во Босна, ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, нем сведок на многу бурни историски настани и лични драми. 
Повеќе...
 

Незадоволство

Незадоволство од темпото на Ревитализацијата

Владата да го исполни ветувањето за ревитализација на старата Скопска чаршија и планот да се помрдне од мртва точка, побараа чаршиските еснафите од лидерот на Нова Демократија Имер Селмани, кој деновиве ја посети настара економска заедница во главниот град. Според првиот човек на еснафите, Мухедин Брава, петгодишната стратегијата за ревитализација на Чаршијата се уште не е почната. 

Повеќе...
 

Дегустација на храна и вино во Темов

Секој четврток во Винотека Темов ќе се одржуваат вечери на подготовка  и презентација на храна и дегустација на вино.

Презентација, готвење во живо, на специјалитети од цел свет, секој четврток друга земја....

Во Темов ќе може да вкусите храна  која вклучува предјадење, главно јадење и десерт со соодветно вино од нивната винска листа.

Повеќе...
 

Лудус

ЛУДУС ГО ОТВОРА НОВОТО ИЗДАНИЕ НА МОДНИОТ ВИКЕНД ПРОЛЕТ-ЛЕТО 2011во старата скопска чаршија
 
 
Среда 23. Март 2011    20 часот
улица Казанџиска 9, Стара Чаршија
 
 
 
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈНОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА LUDUS LOVES FASHION
Повеќе...
 

The Glasses friday at La Kanja bar

The Glasses are a four-piece Indie Rock band from Prishtina, the band consists of Flamur Xhiku on lead vocals and guitar, Asdren Jonuzi on guitar, Zgjim Elshani on Bass and Pajazit Dërmaku on drums.
Повеќе...
 

“Париз гори“ во ГЕМ

Париз гори е документарен филм од 1990 година во режија на Џени Ливингстон. Сниман во втората половина од 80те години на минатиот век, овој филм претставува хроника на т.н. ball култура (култура на балови) во Њујорк и различните етницитети вклучувајќи ги Афроамериканците, Латино геј луѓето и трансродовата заедница во нивни рамки.
Повеќе...
 

„Сечење шума“ во ГЕМ

Издавачката куќа „Блесок“, на 11 март 2011-та во 21 часот, во ГЕМ-клубот во Старата скопска  го промовираше романот „Сечење шума“ од австрискиот автор Томас Бернхард. Преведувачот на делото, Елизабета Линднер, зборуваше за личноста и делото на авторот, а писателот Игор Исаковски прочита извадок од романот. Во рамките на промоцијата беше прикажано и познатото интервју со авторот на 
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL