Новости

Винотека Темов

Повеќе...
 

Изложба на дела од учениците од Државното средно училиште за применета уметност Лазар Личеноски

Со особено задоволство Ве информираме дека на 07 јуни 2011 година (вторник) во објектот Чифте амам во 19 часот, ќе се отвори завршната изложба на дела од учениците од Државното средно училиште за применета уметност Лазар Личеноски, единствено училиште за уметност во републиката.

 

Повеќе...
 

Фестивал МакеДокс во Куршумли Ан

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс годинава ќе се одржи од 17 до 24 јуни на три локации во Скопје (Куршумли-ан, Детски театарски центар и Кинотека на Македонија).


 

Повеќе...
 

Групно претставување на Арт Визион

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 27 мај 2011 година (петок), во 19 часот, ќе се отвори групната изложба на здружението Арт Визион.

 

Повеќе...
 

Светскиот ден на борба против хомофобијата и трансфобијата

Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ организира настан по повод светскиот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата во клубот Гем во Стара Чаршија

Повеќе...
 

Заживување на Старата скопска чаршија

otvorena most.JPG

 

Активности за зачувување на занаетите во Старата скопска чаршија  преку отворање центар за занаети.

Повеќе...
 

Изложба на ФЛУ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 13 мај 2011 година, во 19 часот, ќе се отвори изложбата на студентите на Факултетот за ликовни уметности, организирана по повод јубилеите - 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски. Изложбата е организирана од Министерството за култура на Република Македонија, Факултетот за ликовни уметности и Националната галерија на Македонија. 
Повеќе...
 

Ноќ на музеите

Музеј на Македонија веќе седум години зема учество во манифестацијата “Ноќ на Музеите“, која на иницијатива и во координација на Министерството за култура на Република Франција ја одбележуваат музеите низ целиот свет.Годинава овој значаен настан ќе се одржи на 14 мај, a vо рамките на овој настан во 21 часот ќе биде промовирано ЦД насловено “Движни записи од македонската археологија“ на Ирена Колиштркоска Настева. Музејот ќе биде отворен за посетители од 20 do eden часот по полноќ. 
Повеќе...
 

103 СЛОБОДНА ЗОНА:

Како дел од прославата на 20 години од своето постоење, Канал 103 прогласува Слободна зона во Старата скопска чаршија.
Во сабота, на 7ми мај, преку организиран упад во локалите Менада, Ла Кања и Дамар, диџеите на Стотројка ќе го претстават својот шаренолик музички избор, со единствена цел - добри вибрации до доцна во ноќта.
Повеќе...
 

"ALL IN" ФЕСТИВАЛ

На ден 7 мај, во организација на граѓанското здружение “Mлади за Европа”, ќе се одржи манифестација /долгочасовен концерт/ на кој ќе настапат диџеи, пеjачи и групи од сите полови, вери, бои и националности во Македонија со цел да докажеме дека можеме сите заедно да се дружиме и забавуваме.
Повеќе...
 

Ретроспективна изложба на доајенот на македонската современа скулптура, Академик Боро Митриќески

Национална Галерија на Македонија: ДАУТ ПАШИН АМАМ Почеток: 30. Мај 2011 Академик Митриќески (1927) прославува 60 години творештво, а неговиот придонес во формирањето на правецот на движење и модернизацијата на македонската современа пластика, како и неговиот придонес во монументалната споменична скулптура е од несомнено значење за уметноста и културата на македонско тло.

 

 

 

 

 

Повеќе...
 

Започна партерното уредување на влезот на Старата Чаршија кај Бит Пазар

Започна партерното уредување на просторот меѓу влезот на Старата Скопска Чаршија и Бит Пазар. Со проектот е предвидено замена на калдрмата, поплочување на просторот, засадување на дрва и поставување на клупи.


 

Повеќе...
 

Фестивал ViceVerse во Капан Ан во Чаршија

Post global и ЗУ ”ПРОДУКЦИЈА” по повод 10 годишнината на емисијата “Post global”  ви го претставуваат колаборативниот фестивал ViceVerse кој се одржува на 1 и 2 јуни во ИЗЛЕТ кафе и КАПАН АН во Старата скопска чаршија.

 

Повеќе...
 

Јавен перформанс: Порака за соживот и мултикултура во Стара Чаршија

Здружението на граѓани “Младите можат“ во сабота, 21ви мај, 13:00-16:00 часот, во Скопје во старата Скопска чаршија организира флешмоб на тема “Сопри го моментот и промени нешто!“.

 

Повеќе...
 

Интервју: Оливера Џартовска Тачевска

 

Интервју: Оливера Џартовска Тачевска, кустос етнолог во Музејот на Старата скопска чаршија

 

 
Ако ја обезличиме Чаршијата ќе ги уништиме корените на градот!
 

 

 

Повеќе...
 

Хидраулични столпчиња

otvorena most.JPG

 

Поставени хидраулични столпчиња на влезовите во Старата скопска чаршија

 

Повеќе...
 

ПОВИК

Националната установа Музеј на Македонија, Скопје подготвува постојана музејска поставка посветена на Македонците прогонети од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција. За таа цел, ги повикува сите заинтересирани граѓани кои поседуваат предмети, фотографии, документи и друг материјал поврзан со оваа тема да се јават во Музејот. Лице за контакт Марица Јовановска, тел. 075 288 560; 02 3116 044 лок 25; маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Повеќе...
 

„Лелек“ во Ла Кања

Скопскиот бенд „Лелек“ на петти мај 2011- та, во клубот Ла Кања го промовираше својот дебитантски албум под истото име. Изданието е составено од осум авторски музички нумери и една преработка на песната "Цалигула сѕндроме" од Софт Целл.
Повеќе...
 

ФОТОНАТПРЕВАР ЗА СТАРА ЧАРШИЈА

ПСМ Фондација организира Фотонатпревар во периодот од 10 април до 5 мај 2011, со цел промоција и оживување на Старата скопска чаршија. Најдобрата фотографија ќе биде наградена со новиот апарат Canon EOS 1000D 18-55 IS!

Повеќе...
 

Холандска керамика

Холандска керамика во Чифте амам
Во организација на Ресенската керамичка колонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Националната галерија на Македонија, на четврти мај 2011 година, во 19 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложбата Современа холандска керамика, од фондот на Ресенската керамичка колонија.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL