СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА

Сули ан

Сули ан е ан (конак) изграден е во првата половина на XV век. Негов ктитор бил Исхак-бег, војвода и командант на Скопското краиште.
 

Повеќе...
 

Музеј на современа уметност

Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје е најкомпетентна и највлијателна институција во Република Македонија во откривањето, негувањето и ширењето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време.

 

Повеќе...
 

Мустафа Пашината џамија

Мустафа-пашината џамија се наоѓа на потегот помеѓу Куршумли ан, црквата Св. Спас и Кале, во Скопје. Овој храм, кој е еден од најубавите исламски споменици во Скопје, бил подигнат во 1492 година од страна на скопскиот заповедник Мустафа Паша, чие име е врежано на плочата над влезната врата.

 

Повеќе...
 

Камен мост

Камениот мост во Скопје претставува една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и старата скопска чаршија. Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот.

 

Повеќе...
 

Куршумли ан

Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара згарада Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како здружбина на Мула Муследин-хоџа, син на Абдул Гани во 1550 кој бил научник на султанот Селим II.

 

Повеќе...
 

Скопско кале

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Повеќе...
 

Музеј на Македонија

Музејот на Македонија е комеплексна институција која се состои од Археолошкиот, Етнолошкиот, Историскиот оддел и Одделот за уметност, а која денес се наоѓа на крајот од старата чаршија, под скопското Кале. Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 год., а во 1945 год. е востановен Народниот музеј на Република Македонија.

 

Повеќе...
 

Капан ан

 

Капан ан е конак во старата скопска чаршија во Скопје, изграден во средината на XV век. Негов ктитор бил Иса-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Како ан функционирал сè до Втората Светска војна.

 

Повеќе...
 

Чифте - амам

Чифте-амамот е амам (јавна бања) во старата скопска чаршија, Скопје. Подигнат е во средината на XV век од страна на Иса бег и завештан за потребите на издржување на неговите задолжбини во Скопје, медресата и теќето.

 

 

Повеќе...
 

Црква Свети Спас

Црквата Св. Спас е еден од најзначајните споменици на културата во Скопје. Во дворот се влегува низ тешката и опкована дабова порта и во него доминира едноставниот камен саркофаг во кого се сместени посмртните остатоци на големиот македонски револуционер и борец за слобода Гоце Делчев (1872-1903).

 

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL