СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА

Стариот добар Безистен

http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/images/objekti-bezisten.jpgВеднаш над Сули ан, односно над неговиот западен влез се наоѓа влезот на уште еден монументален споменик на исламската профана архитектура во Скопје. Тоа е Безистенот – првиот и најзначајниот трговски објект во Скопје во првите векови на турското владеење и ембрион на скопската ориентална чаршија. 

Повеќе...
 

Турбе Али паша од Дагестан

Се наоѓа покрај источната фасада на џамијата. Тоа е семејна гробница на Али паша од Дагестан. Според својот карактер, му припаѓа на отворениот тип турбиња.
Повеќе...
 

Исхак – бегова или Алаџа (Шарена) џамија

Исхак – беговата џамија се наоѓа во непосредна близина на централното скопско пазариште Бит – пазар, а според зачуваните документи, овој исламски сакрален објект бил изграден во 1438 година, неполни две години по изградбата на Султан – Муратовата џамија.
Повеќе...
 

Иса Бегова џамија

http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/images/objekti-isa.jpgСтариот дел на Скопје содржи голем број џамии, што говори за богатиот и организиран духовен живот на муслиманската заедница во текот на Османлиското царство.  Не сите џамии се зачувани, многу од нив се оштетени со време додека дел од нив се уништени во земјотресот од 1963 година. 
Повеќе...
 

Музејот на Старата скопска чаршија

сули ан.jpgПо катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога Чаршијата беше значително оштетена, во периодот од 1965 до 1975 година беа извршени обемни работи на реконструкцијата на целиот комплекс на Старата скопска чаршија.
Повеќе...
 

Турбе Бикиј Хан

Ова турбе е на јужната страна на Султан – Муратовата џамија. Изградено е во 1556/7 година и е најголемо од овој вид објекти кај нас. Изгледа масивно, но фасадите му се живописни. Неговата основа е во форма на квадрат, а ѕидано е со камен и тули, поставени во наизменични редови со спојници извлечени надвор.
Повеќе...
 

Султан – Муратова (Хјунќар) џамија

Оваа несомнено, најстара постојна џамија на територијата на Балканот е изградена уште во 1436 година како задужбина на султан Мурат Втори (владеел од 1421 до 1451 година), татко на султан Мехмед Освојувачот и токму поради тоа, таа во народот е позната уште и како Хјунќар, односно господска или султанска џамија. Нејзината изградба значи и симболично заменување на политичката власт во Скопје.
Повеќе...
 

Црква Свети Спас

sv spas.jpgЦрквата “Свети Спас” се наоѓа на платото под самата Скопска тврдина. Таа е подигната кон крајот на XVII век, или на почетокот на XVIII век, по катастрофалниот пожар во 1689 година.

 

Повеќе...
 

Саат кулата – скопскиот јавен часовник

саат кула.jpgСаат кулата во Скопје претставува шестокатна саат кула која се наоѓа северно, но во склоп на Султан – Муратовата џамија. Подигната е во периодот помеѓу 1566 и 1573 година и воедно претставува првата саат кула на територијата на Османлиската држава. Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. 
Повеќе...
 

Даут Пашин Амам

даут 1.jpgНа почетокот на Старата Скопска чаршија се наоѓа познатиот Даут Пашин Амам, еден од најмонументалните споменици на исламската профална архитектура и еден од најуспешните јавни градби од раноцариградскиот стил. 

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL