Ретроспективна изложба на доајенот на македонската современа скулптура, Академик Боро Митриќески

 Национална Галерија на Македонија: ДАУТ ПАШИН АМАМ
Почеток: 30. Мај 2011
Академик Митриќески (1927) прославува 60 години творештво, а неговиот придонес во формирањето на правецот на движење и модернизацијата на македонската современа пластика, како и неговиот придонес во монументалната споменична скулптура е од несомнено значење за уметноста и културата на македонско тло.
Со оваа изложба уште еднаш ќе се апострофира потврденото значење, улогата и позицијата на овој еминентен уметник во формирањето на ликот на македонската современа скулптура.
Поставеноста на самата изложба во објектот Даут-пашин амам, галериски простор со голема репутација, гарантира огромна посетеност на отворањето и за времетраењето на истата.
За времетраењето на оваа изложба до 30 август 2011 година, Националната галерија на Македонија ќе издаде и луксузна монографија посветена на животот и делото на овој еминентен уметник која ќе биде разубавена со богат илустративен материјал. Монографијата ќе се публикува пред затворањето на изложбата.