Изложба на дела од учениците од Државното средно училиште за применета уметност Лазар Личеноски

 На изложбата ке бидат претставени околу 90 дела изработени за време на наставната школска година од сите оддели, применето сликарство, применета графика, применто вајарство, дизајн на текстил и облека, дизајн на керамика, дизајн на енетериер и мебел. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија, а по трет пат во соработка со Националната галерија на Македонија. Посебно сакаме да напоменеме дека оваа изложба се случува во годината на јубилејот, 110 години од раѓањето на основоположникот на современата македонска уметност, Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогарски, долгогодишни професори и основоположници на училиштето.  Токму заради годината на одбележубање на јубилеите, изложбата ќе ја отвори министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, директорката на националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска и директорот на училиштето, г-дин Ицко Петрески.