Започна партерното уредување на влезот на Старата Чаршија кај Бит Пазар

 

 

 “Ова ќе биде мини-плоштад, одморалиште. Ќе се уреди целиот простор“, рече градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

 


 

Целокупниот проект чини 1,5 милиони денари, а ќе биде завршен за еден месец.
 
 Прашан за неговата активност во јавноста за време на изборна кампања, Меџити со став – овој проект е дел од целокупното уредување на Чаршијата.
 
 “Ние работиме континуирано. Ова е поврзано со веќе поставените хидраулични столбчиња. Ако чекаме на избори, тогаш ништо не треба ниту да работиме. Ние работевме до сега и продолжуваме да работиме за доброто на Чаршијата, за доброто на Чаир“, рече Меџити.