Фестивал МакеДокс во Куршумли Ан

 

 

 

 

Но фестивалот не завршува во Скопје. Минатогодишната идеја - ПАТУВАЧКОТО КИНО, ќе се организира и оваа година, и во август, МакеДокс повторно ќе патува со кино караванот низ 6 нови градови и села во Македонија.

 

Кромидот и оваа година е визуелен идентитет на МакеДокс. За разлика од минатата година кога се истакна неговата слоевитост и сличност со докуменатристиката, годинава фокусот се става на неговата регенеративна моќ.
 
 -    Зародишот на идејата за МакеДокс 2011 е во ланскиот кромид, а во сржта на овој е таа што ќе се роди догодина. Најточната вербална формулација на овој зародиш ја најдовме во зборовите на Светлана Гајер, лик од еден од овогодинешните филмови и ја искористивме за наше годинешно мото: Кромидот нема средиште/ Кромидот нема центар/ Кромидот има цел / целта е во зародишот.../ кромидот расте во кромидот, за да го оправда постоењето.../почнува новиот живот..
Вториот МакеДокс е посиромашен во број на филмови, но е побогат со програми. Посодржаен, послоевит и постокмен. Помудар од лани. Во Кинотека и старата скопска чаршија ќе пренесеме дел од животот во Камбоџа, Полска, Шведска, Кореа, Зимбабве, Словачка, Бразил, САД, Холандија...преку очите, душата и умот на 40  изовнредни автори. Некои од нив ќе дојдат лично да ги споделат со нас своите приказни. Продолжуваме со нештата кои веруваме дека вредат: кино на отворено, патувачко кино, организирани посети на програмата за деца и млади, размена на искуства низ работилници и журка за крај.
вели Киријана А. Николоска, директорка на фестивалот.
 
Програмата на МакеДокс 2011 ја сочинуваат вкупно 35 најактуелни и повеќекратно наградувани креативни документарни филмови. Натпреварувачки се 3 програми: ГЛАВНА ПРОГРАМА, НОВИ АВТОРИ и ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ, а оваа година новитет се тематската селекција на ЕКОЛОШКИ документрани филмови и селекцијата од меѓународни КРАТКИ ДОКУМЕНТАРЦИ. Селектор на целата програма е Петра Селишкар.
 
 
-          Оваа година повеќе се насочивме на земјата кај што расте кромидот, кај неговите корени ...Затоа ја приклучивме EKO програмата или програмата на Еколошки документарци. Но не заборавивме на зелените врвови на кромидот кои ги претставуват детските филмови и филмовите за млади. Кромидот ја спојува земјата и небото. Оваа година публиката ќе може да види филмови кои зборуваат за животот носен на плеќи од луѓе кои возат рикши, за суштина на преводот, за живот и последиците од хероин, за Варшавското наци гето, за сексуалната трансформација, за еден филмски жанр во Југославија кој што ја одржуваше во живот државата, за соколите и нивното значење во арапскиот свет, за љубов без годишни граници, за луѓе во години чија амбиција не е да се пензионираат, за огромни нуклеарни канти кои ги праќаме да патуваат низ времето, за ....
 – вели Петра Селишкар, селектор на фестивалот.
 
Новото фестивалско издание започна со организирани проекции за децата и средношколците од основните и средните училишта од Карпош и Центар. Во Кинотеката на Македонија од 30 мај до 3 јуни учениците предфестивалски ја искусуваат програмата наменета за нив.