Фестивал ViceVerse во Капан Ан во Чаршија

 

 

 

 

Програмата на фестивалот се состои од два дена исполнети со живи настапи, дј сетови, вј настапи, изложби на фотографии, филмска селекција и работилници.
Првиот ден, први јуни, под име Soundscapes е отворањето на фестивалот со цело-дневно DJ матине со прекрасна музика на повеќе локални и интернационални диџеи и изложба во Излет кафе.
Вториот ден или ViceVerse вечерта е главната фестивалска вечер со живи настапи, уште една изложба на фотографии и селекција на филмови, а се случува во клубот КАПАН АН на втори јуни 2011.
Оваа вечер ќе ги проследиме живите настапи на американскиот проект Mi, српскиот хаус вундеркид Jan Nemecek, гејмбој перформансот на Lukatyoboy, а вечерта ќе ја завршат ViceVerse резидент диџејот Moodswinger и локалната резидент поддршка Martchin. Изложбата која оваа вечер ќе биде поставена е на македонската фотографка Neuеrotik, а воедно ќе има и селектирана видеографија од македонскиот режисер Драган Абјаниќ, селектирани од нашиот филмски координатор Јане Алтипармаков.
Програмата со работилници на овој фестивал е сочинета од 3 работилници кој ќе се одвиваат во текот на овие два дена: Sonic Chop Shop музичката работилница, Blind Tape Quartets импров сесија и Kidspatch креативната работилница за деца.