Убавините на Музејот на Старата скопска чаршија

Преку монети и керамички предмети се добива слика за животот во чаршијата и претстава за разновидната трговска и културна испреплетеност на овој простор.
Историскиот дел, отворен 1985 година, преку изложени фотографии, карти, планови и табеларни прегледи го прикажува основањето, развитокот и животот на Старата скопска чаршија.

 

Уметничката галерија се состои од уметнички дела инспирирани од мотивите на Старата скопска чаршија. Застапена е првата генерација на македонски современи ликовни уметници (Мартиновски, Пандилов, Владимирски, Коџоман и други) како и дел од современите ликовни уметници на Македонија (Анастасов, Мазев, Пречинков и други).
Етнолошкиот дел го презентира животот во Чаршијата преку неговите најдоминантни занаети кои веќе ги нема или егзистираат во сосема изменет вид. Презентирани се повеќе занаети: кујунџиски, терзиско - срмаџиски, ќурчиско – кожуварски, папуџиски и други.
По катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога Чаршијата беше значително оштетена, во периодот од 1965 до 1975 година беа извршени обемни работи на реконструкцијата на целиот комплекс на Старата скопска чаршија.
Музејот на Старата скопска чаршија, формиран како депанданс на Музејот на град Скопје, сместен е во споменикот на културата Сули ан, објект подигнат во првата половина на XV век од Исхак бег, целосно реконструиран во 1967 година.
Се наоѓа помеѓу улиците Белградска и Битпазарска, двете најфреквентни комуникациии во чаршијата и со своите два влеза претставува логична комуникација помеѓу нив.