Групно претставување на Арт Визион

 

 

 

 

 

Ликовното здружение Арт Визион годинава го бележи своето петгодишно постоење - време во кое сериозно се наметна на ликовната сцена, а неговите членови (Македонци, Албанци, Бошњаци) со својата креативност преку јазикот на своите дела станаа препознатливи. Арт Визион има своја претстава, своја визија за презентирање на своите тудови пред љубителите на уметноста, но и за збогатување со веќе реномирани автори со што ќе се придонесе за квалитетно подобрување на самото Здружение. На годишната изложба во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе бидат застапени дваесет автори со четириесетина дела работени во неколку ликовни техники: сликарство, скуплтура, графика и истата ќе трае петнаесетина дена.