Јавен перформанс: Порака за соживот и мултикултура во Стара Чаршија

 

 

 

 

 

21 мај според ООН е Светскиот ден на културен диверзитет за дијалог и развој. Одбележувањето на овој ден ни дава можност да го продлабочиме нашето разбирање на вредностите на културната разновидност и да научиме подобро "да живееме заедно".
 
 
 

Инспирирани од потребата за дијалог и зближување на младите од Македонија со различна етничка позадина, “Младите можат“ организира флешмоб во центарот на Скопје. На перформансот ќе учествуваат 40 млади луѓе од различни заедници претходно обучени ( преку работилници за неформално образование, организирани во месец мај) за театарски техники во функција на младински активизам.

 
Флешмобовите (од анг. Flash - миг, момент и Mob - толпа) се собирања на луѓе на претходно одредено место и во претходно определено време. Учесниците во даден флешмоб обично постапуваат следејќи претходно утврдено сценарио, а потоа бргу се разотидуваат.
 
Театарските техники се базираат на техниките на светски познатиот режисер Августо Боал кој создаде специфична форма на театар -Театарот на угнетуваните. Оваа форма на изразување од страна на Обединетите Нации преку УНЕСКО, е препозната како „алатка за општествени промени“