Светскиот ден на борба против хомофобијата и трансфобијата

Настанот ќе почне со настап на Скопскиот уличен хор Распеани Скопјани а ќе продолжи со:

    • Проекција на филмот Отаде розевата завеса и
    Дискусија на тема: Национализам, хомофобија, насилство 
    Воведничари: Катерина Колозова и Станимир Панајотов
    Фасилитатор: Жарко Трајаноски
    • Мини коктел

* За време на настанот ќе биде поставена и изложбата на фотографии - ’Слики против хомофобија’, како дел од заедничкиот проект - ’Чекори со гордост’, на Charles Meacham и Sarah Baxter, а која ќе биде симултано изложена во дваесетина светски градови, како и во Европскиот парламент.
Крајот на комунизмот во Европа донесе обновена слобода за милиони граѓани од Источна Европа. Хомосексуалноста стана легализирана, но хомофобијата се` уште останува вкоренета како институционална практика во овој дел од светот. Други филмови го документираат овој проблем во регионот. Тие ја опишуваат Розевата завеса како замена на Железната завеса и покажуваат како Геј Прајдовите се претвораат во паради на насилството. Но, овие филмови ја игнорираат хомофобијата во Западните општества. Ваквите погрешни дистинкции ја прескокнуваат можноста од меѓусебно подучување на Западот и Истокот во насока на борбата за еднаквост. Ја забораваме моќта, но и одговорноста на ЕУ да не` заштити. Сексуалноста и хомофобијата ја надминуваат националноста. Оттука, границите не треба да дозволат хомофобијата да преовлада: Ние треба да гледаме Отаде Розовата завеса.

По филмот следува дискусија на тема „Национализам, хомофобија, насилство“ на која воведничари ќе бидат Катерина Колозова и Станимир Панајотов, а фасилитатор Жарко Трајаноски.
 
Катерина Колозова е професорка по филозофија, родови студии и епистемологија во Институтот за општествени науки и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ во Скопје како и на други универзитети во земјава и надвор. Авторка е на повеќе трудови од областа на филозофијата и родовите студии. Во моментов е деканка на одделот за последипломски студии на Институтот „Евро-Балкан“. Работи како истражувач, а повремено пишува колумни во дневни весници.

Станимир Панајотов е роден 1982 година во Сливен, Бугарија. Во 2004 година дипломира Филозофија на Универзитетот во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во Македонија кадешто запишува последипломски студии по Филозофија и род на Институтот Евро Балкан. Од 2003 година публикува научни текстови и рецензии во својата земја, но и во странство. Работи и како преведувач (од англиски, македонски и бугарски јазик) на книги и научни текстови од областа на хуманистичките и општествените науки, родовите студии и квир теоријата. Тој е активист за правата на ЛГБТ популацијата во Бугарија и член на Организациониот комитет на Sofia Pride.

Жарко Трајаноски е магистер по човекови права. Неговата магистерсика теза е од областа на сексуалноста и човековите права. Долги години работи како активист за човекови права на маргинализираните заедници. Бил уредник на списанието Идентитети и предавач на школата за род и политика на Институтот Евро Балкан. Во моментов работи како консултант во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.