Изложба на ФЛУ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 13 мај 2011 година, во 19 часот, ќе се отвори изложбата на студентите на Факултетот за ликовни уметности, организирана по повод јубилеите - 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски. Изложбата е организирана од Министерството за култура на Република Македонија, Факултетот за ликовни уметности и Националната галерија на Македонија. 
На изложбата ќе бидат изложени дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности од трета и четврта година, а ќе ја отворат Маја Крстевска, директор на Национална галерија на Македонија, професор Јован Шумковски, декан на Факултетот за ликовни уметности и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Република Македонија.