Ноќ на музеите

Музеј на Македонија веќе седум години зема учество во манифестацијата “Ноќ на Музеите“, која на иницијатива и во координација на Министерството за култура на Република Франција ја одбележуваат музеите низ целиот свет.Годинава овој значаен настан ќе се одржи на 14 мај, a vо рамките на овој настан во 21 часот ќе биде промовирано ЦД насловено “Движни записи од македонската археологија“ на Ирена Колиштркоска Настева. Музејот ќе биде отворен за посетители од 20 do eden часот по полноќ. 
Покрај постојаните поставки, посетителите ќе имаат можност да ги погледаат и изложбите „Муниципивм Стобенсивм – Римската монетарница во Стоби“ на м-р Перо Јосифовски и „1 + 1 Живот и љубов“ на група автори, како и проектот „С-К-С-Б .. (да се биде роден низ светот)“ на Биљана Јовановска.