„Лелек“ во Ла Кања

Скопскиот бенд „Лелек“ на петти мај 2011- та, во клубот Ла Кања го промовираше својот дебитантски албум под истото име. Изданието е составено од осум авторски музички нумери и една преработка на песната "Цалигула сѕндроме" од Софт Целл.

Материјалот е снимен со Ивица Јанкуловски - Штраф во студиото на ДНО, додека вокалот се работеше во студиото на Идриз од „Бла – бла - бла“. Главна инспирација на групата е прогресивниот рок – експериментален звук, со примеси на кинематична и колоритна музичка експозиција, или пак како што велат од групата „Лелек“- се занимава со „навидум хевидум“ звук.

Групата постои од средината на првава деценија од веков и составена е од: Балтик - вокал, Зоки - гитара, Сергеј - бас, Чоки - клавијатури и Томе - тапани. Објавата е издание на Пристоп МК, а може да се купи во музичката продавница „Југотон“ и сите продажни места на „Милениум рекордс“ по цена од 300 денари за класичното издание и 600 денари за специјалното издание.