"ALL IN" ФЕСТИВАЛ

На ден 7 мај, во организација на граѓанското здружение “Mлади за Европа”, ќе се одржи манифестација /долгочасовен концерт/ на кој ќе настапат диџеи, пеjачи и групи од сите полови, вери, бои и националности во Македонија со цел да докажеме дека можеме сите заедно да се дружиме и забавуваме.
Концертот ќе се одржи во Старата скопска чаршија, на плоштадот пред црквата “Св. Спас” на голема бина, со почеток во 13 ч.
Активно учество на фестифалот ќе земат: 
-поп изведувачи 
-хип хоп изведувачи 
-рок изведувачи 
-диск џокеи (реге, хип хоп, драм ен бејз и др.

“Оваа иницијатива ја повлекуваме со цел младината да се насочи на позитивни работи и преку оваа дружење да се расчистат сите мистики дека сме различни“, велат од организацијата на фестивалот.
За разлика од досега видените средби оваа ќе се базира на заедничко забавување и приближување на музичко ниво.

Фестивал од ваков тип досега не е направен со што се добива можноста Скопје како и Македонија да добијат фестивал кој ветува успешност и голема посетеност.