ФОТОНАТПРЕВАР ЗА СТАРА ЧАРШИЈА

ПСМ Фондација организира Фотонатпревар во периодот од 10 април до 5 мај 2011, со цел промоција и оживување на Старата скопска чаршија. Најдобрата фотографија ќе биде наградена со новиот апарат Canon EOS 1000D 18-55 IS!

 

На овој настан може да се пријават сите кои имаат желба да ја покажат својата креативност преку фотографирање на Старата Чаршија и испраќање на своите фотографии тука.


Првите 50 пријавени учесници ќе добијат бесплатно учество на Работилница по Фотографија, која ќе ја одржи проф. Владимир А Велјановски – дипломиран академски сликар и професор по фотографија, а сите учесници ќе добијат сертификати за учество на овој настан од страна на ПСМ Фондација и staracarsija.mk.

На 19 мај 2011, со почеток од 19.00ч, ќе се организира Изложба на најдобрите фотографии во ГЕМ-клубот во Стара Чаршија каде и ќе се прогласи победникот со најдобрата фотографија.
Членови на жири комисијата ќе бидат: Џоле Поповиќ – фотограф, Александар Алексовски – фотограф и Славе Спасовски – сопственик на фото студио Бимбо.
Фонд на награди

  • Прво рангираната фотографија ќе биде наградена со новиот апарат Canon EOS 1000D 18-55 IS.
Награди ќе следуваат и за второ и трето рангираната фотографија.

Правила за учество
  • Фотографии од Старата Чаршија без користење на Photoshop (дозволена е корекција на контраст и функцијата Crop)
  • Големина на сликите треба да биде од 2 - 4 MB
  • Секој учесник може да учествува со максимум 3 фотографии
  • Фотографиите треба да бидат направени во 2010 или 2011 година
  • Фотографиите не смее да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари.

Како да учествувам на натпреварот?
1. Пријави се на www.staracarsija.mk со најмногу 3 фотографии, преку пополнување на формата за учество и закачување на фотографиите
2. Сликите ќе бидат поставени во албум на Фејсбук фан страната на YES Foundation (www.facebook.com/YES.Foundation)
3. Фејсбук публиката ќе ги избере 30те најдобри слики, од кои жирито ќе го избере победникот.
4. Изложба на најдобрите 30 фотографии во ГЕМ клубот во Стара Чаршија и прогласување на победниците.

Временска рамка

10 април - 05 мај 2011 = Фотонатпревар

06 мај 2011 = Поставување на сликите во албум на Фејсбук фан страната

06 - 12 мај 2011 = Гласање на Фејсбук

13 - 15 мај 2011 = Гласање од жири

19 мај 2011 = Изложба во Гем Клубот во Стара Чаршија

11 и 12 јуни 2011 = Работилница за фотографија


ПСМ Фондација ги задржува правата за користење на фотографиите кои се пријавени на натпреварот за промоција на проектот, со јавно истакнување на името на авторот.

 

Пријавете се за натпреварот ОВДЕ.