Фурнаџии и слаткари

Занаетите во врска со исхраната биле исто така доста застапени во Старата скопска чаршија. Ф урнаџиите, покрај тоа што изработувале готови производи за пазарот, вршеле и услуги од типот печење леб, месо и друго, што ги подготвувале самите домаќинства. Потрошувачката на симит, погача и други печива и денес е голема во Чаршијата.
Слаткарскиот занает исто така бил развиен. Тука спаѓале слаткари, алваџии, бозаџии, шеќерџии и други. Во коплексот на Скопската чаршија имало посебна шеќерџиска чаршија. Овие скопски занаетчии биле надалеку познати и барани.