Столари и колари

Во Скопската чаршија биле застапени, и занаети чијашто основна суровина е дрвото. Богата е традицијата на украсување дрвени предмети со седеф и коска. Столарскиот занает бил застапен во сите места и благодарение на градењето на нови градби и побарувачката за изработка на модерен мебел, тој брзо се ширел, се до појавата на конкурентската дрвна индустрија.
Коларскиот занает почнал да се развива откако почнале да се градат колски патишта, но со изградбата на современите асфалтни патишта овој занает изумрел.
Освен овие занаети во Чаршијата имало качарски, наланџиски, чибукчиски занает (кој во почетокот на 20 – от век веќе бил изумрен).