Казанџилер џамија

 Казанџилер џамија, некогаш една од најубавите џамии
 
Казанџилер џамија била изградена во 17 век од страна на казанџискиот еснаф во Чаршијата. Таа била скромна и не многу угледна градба. Денес таа не постои бидејќи е речиси целосно уништена.
Ѓулчилер ама се наоѓал веднаш до југозападната страна на Куршумли ан. Тој бил единечен амам. Според податоците, тој бил подигнат од страна на Муследин Хоџа во втората половина на 15 век. Познат бил и под името “Кури амам“.
 
Како амам служел се до катастрофалниот пожар во 1689 година. Овој објект речиси целосно беше разурнат за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, така што денес од негоп се зачувани само остатоци од ѕидовите.