Оружарски занаети

Оружарските занаети во Скопје постоеле континуирано повеќе векови. Појавата и развојот на овие занаети е поврзана и со обичајот секој возрасен Турчин да биде вооружен. Тоа било и верска привилегија и верска затворена категорија на занаети.
 Изработуваното оружје во Скопје се продавало во дуѓаните во посебни каравани. Скопје се внројувал меѓу најпознатите центри за изработка и украсување на оружје. Занаетчиите како пушкари, ножари, сабјари и изработувачи на кании, имале заеднички еснаф. Престанокот на оружарските занаети настапил по младотурската револуција од 1908 година, кога со енергични мерки е разоружано населението и кога е забрането производството на оружје во сите места.