Образование

Со општо образование занаетчиите, трговците и угостителите се здобивале во основните училишта, а со техничко образование се здобивале преку занаетчиските, трговските и угостителските стручни училишта. Меѓутоа, се до ослободувањето недоволно е водена грижа за техничката и специјалната подготовка од соодветните струки, а уште помалку за нивното општо образование.

Најчесто, занаетот се предавал по наследство односно, синот го продолжувал занаетот на својот татко.