Декор – крзно

Занаетчија - преработка на крзно
 
Едно од местата каде можете да најдете голем избор на рачно изработени предмети од природно крзно и кожа е „Декор крзно“ на ул. Лазар Танев број 33, во Старата скопска чаршија.
Овој дуќан нуди еден мек допир на луксузот преку прекрасните шубари, женски околувратници, торби, собни папучи, но и теписи, перници, патеки и други декоративни додатоци. Работат и на порачки на модели по личен вкус, а за клиентите постои можност и за сервисирање, како поправка или бојадисување на кожата и крзното. Важно е да се напомене и тоа дека материјалите се од штетен дивеч. 
 

Контакт за информации и порачки на 075 517 755