Споменикот Скендер бег за добредојде во чаршијата

Според кажаното од историчарите, Скендербег бил православен Албанец кој во 15-от век ја победувал турската војска и го спречувал нејзиното навлегување во Западна Европа. Тоа , како што тврдат историчарите, е доказ дека тој има пошироко балканско и европско значење заради што и Скопје треба да има негов споменик. 
Историчарот Скендар Асани вели дека поставувањето на споменикот во Скопје на градот му даде дух на заедништво.
Споменици со Скендербег на коњ денес има во Албанија, на Косово, во Македонија, дури и во Рим, плоштади во Париз и во Брисел го носат неговото име.
Уште кога бил жив бил славен по тоа што создал тврдина против османлискиот империјализам. Митот е образложен во биографијата „Животот и делата на Скендербег, кнезот од Епир“ (1508) од Маринус Барлециус, која до денес се смета за најсеопфатен извор. 
Неговото дело, е борба на еден хуманист, визионер, кој во името на заштитата на слободата и на цивилизацијата се стреми кон обединувањето на Балканот и на Европа.
“Вековната историја за славата на нашиот херој покажува дека таа слава растела секогаш кога борбата против отоманската инвазија станувала животно прашање за народите на југоисточна Европа. Колку што ликот на Скендербег, во европската историја имеше определена функција да ги моболизира народите во војната за живот и смртта против странските освојувачи, исто толку ликот на нашиот херој, во историографската, во народната и во уметничката книжевност служеше како живот знаме во мобилизација на народот во ослободителната војна. Во надежите на балканците да се ослободат од отоманскиот оков и во своите народни приказни и песни балканските народи го присвојуваат албанскиот херој како свој народен херој припишувајќи му го нивното потекло и претставувајќи го како симбол на нивната гордост“, вака академикот Али Алиу го објаснува “феноменот“ на Скендер бег.
Со споменикот на Скендер Бег, Скопје влезе на листата на европските метрополи како што се Рим, Женева, Париз, од недамна и Њујорк, но и други градови кои имаат плоштади со споменик на Скеднер Бег, кој е личност со универзални вредности.

Со ова ќе придонесеме и Скопје да биде во друштвото на тие метрополи.