Култната Менада единствена во Стара чаршија

Во ентериерот на култната Менада се наоѓаат предмети кои експлицитно прикажуваат едно време од Неолитот до денешни денови.
Тука се карактеристичните предмети - реплики на артефактите ископани пред многу години. Најзначајната фигура е Мајката Божица, симбол на плодноста. Античките реплики - чаши за вино, златните маски, сребрени окови од икони, ковани антички монети и сите останати уникатни предмети.
Средновековието е најкарактеристично прикажано преку крстовите во бронза, како и макети на цркви.Некои од репликите се "позајмени" од приватни колекции.
За сопственичката на оваа антикварница, Емилија Николова, главниот мотив е токму историскиот предзнак на чаршијата.
“Јас како дипломиран етнолог сметам дека токму Старата скопска чаршија е вистинското место каде може да се изрази историјата на Македонија, нејзината традиција и култура“, вели Емилија.
Во Менада“ постои и функционира и клубот на движењето „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ), кој функционира и како културен центар отворен за содржини што кореспондираат со заложбата за промовирање европски вредности.
Во рамки на ГЕМ-клубот функционира и кафуле, кое постои со своето култно име „Менада“.
Менада е истиот оној простор кој во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век беше едно од главните собиралишта на андерграунд сцената и сеуште е една светла точка на мапата на Старата чаршија, која се обидува да го врати својот сјај од времето кога на најдобар можен начин ја живееше мултикуралноста на овдешната сцена.
И покрај инфраструктурното пропаѓање, чаршијата и сега се обидува да создаде еден вибрантен културен живот главно врз принципите на самоиницијатива. Просторот примарно е предвиден да функционира како клуб за членовите на ГЕМ, кои тука организираат дебати, прес-конференции, промоции, состаноци и работилници.
menada.jpg
Сепак, просторот постои и за оние кои не се негови членови, но чии активности на некој начин се во рамки на агендата - европеизација на Македонија, сфатена во најширока смисла на зборот.
Просторот функционира во симбиоза со кафулето „Менада“, кое се наоѓа на приземниот дел на површина од околу 150 квадратни метри со инвентар погоден за различни видови организација за различни намени и со капацитет да собере стотина луѓе.