Дамар – Урбано место за сите генерации

Дали затоа што сопственици на локалот се припаднички на понежниот пол или поради самата местоположба, но Дамар, лоциран во срцето на старата чаршија е специфично место во градот.
Можеби ќе си речете дека ако ни претстои нњкоја нова женска револуција во светот, ќе започне токму од ова место, но верувајте таквот впечаток го добивате од премногуте убави девојки што решиле истата вечер како и вие да ја поминат во тој прекрасен локал.
Префинета музика, префинет дизајн, префинета угорница.. се е некако чудесно... и префинето! Да!
дамар.jpg
Пијачките имаат пристојна цена и што е за пофалба, сите настани во врска со локалот се објавени на нивната страна на Facebook.
Кафе-барот "Дамар" е новото срце на Старата скопска чаршија кое неодамна започна да пулсира во некогашниот дуќан на дограмаџијата Панче Јаневски.
Во ентериерот е задржан автентичниот изглед на старата дограмаџиска работилница, која имала две простории, авлија и подрум.
Дрвените стогодишни ќепенци кои го одвојувале џагорот на чаршиските сокаци од звуците на пилата и чеканот на мајстор Панче, немалтерисаните ѕидови од тула високи 5,5м, дрвениот таван и алатките кои изгледаат како музејски експонати, архитектот Константин Ману од студиото "Круг", кој е автор на ентериерот, ги употребил како појдовни точки за креирање на визуелната слика на просторот во кој кога ќе влезете ви се чини како да сте заталкале во фрагменти на вашето сопствено минато.
дамар 1.jpg
Тој новата функција ја потенцирал со ултрамодерниот дизајн на шанкот од метал кој се завршува со параван зад кој е сместен тоалетот, црвените полуфотељи и врамените плакати. Осветлувањето го решил со висечки ламби и ѕидни светилки со винтиџ дизајн.
Гудалата од инсталацијата на Антони Мазневски "Бродот на Моцарт", уметничките слики, полиците со книги се исто така дел од сценографијата на "Дамар", каде ако отидете еднаш морате да се вратите повторно.
За да се потсетите на сите убави моменти во животот и одново да уживате во нив, како што велат неговите сопственички Арта Кули и Анжелика Апсис - Анѓа.
дамар3.jpg
Со извонредни изведувачи и журки од Соња Исмаил до Марија Каева и Дарко Јорданов, ПМГ Колектив и останати невидено добри бендови, Дамар ќе успее вечерта да ви ја направи се’ само обична не.
Па, повелете, видете и забавувајте се!