Пивница Ан – во срцето на Старата чаршија

Ресторанот е сместен во историскиот културен објект Капан Ан изграден во 1472 година кој се наоѓа во стариот дел од градот.

пивница ан 1.jpg

 

Поделен е во два дела, односно две простории внатре и една голама преубава тераса која изобилува со прекрасно зеленило и цвеќиња, а тука е и фонтаната која ви го одмора погледот и чувството на пријатност ви го доведува до максимум.

 

Ентериерот е во духот на македонскиот традиционален дом каде се служат македонски вина, македонски јадења по рецептите на нашите предци. 
пивница ан 2.jpg
Улсугата која ќе ја добиете во едно од највпечатливите места во Скопје, е крајно  професионална и пријататна до самиот крај на вашето гостување во ресторанот.

 

 

Ресторанот има капацитет на 38 места внатре и 60 места надвор на внатрешната тераса која е во голема сенка и ладовина. Од музика се пуштаат македонските евергрин мелодии.

 

 

Во ваква форма е отворен од 2001 година а работно време му е 08:00 - 23:00/ 08:00 - 24:00.

 

 

Една од најкарактеристичните работи за Пивница АН е нејзината локација. Ова е единствениот ресторан кој е сместен во еден од најстарите историски локалитети Капан Ан. Тука можете да ги почуствувате Македонската традиција и дух и да ги вкусите старите македонски специјалитети.

 

Пивница АН се наоѓа во срцето на старата Скопска чаршија.