Последиците од разурнувањата

 
Последиците од разурнувањата
 
Речиси низ целиот 18 век Скопје и неговата чаршија ќе се трудат да повратат барем нешто од нивниот поранешен сјај. Последиците од разурнувањата и пожарот во 1689 година се толку тешки, што градот е смален и доведен на димензиите што ги имал во 14 - от век и се до првата половина на 19 – от век тој е самоедна малечка и запуштена турска паланка, без некое посебно стопанско значење. (Трговијата фглавно се одвива со шалитра, обработени кожи и особено, памук.) За тоа придонесува и рапидното опаѓање на моќта на турската империја на сите полиња. Освен тоа, населението на Скопје речиси, постојано е изложено на епидемии на чума и на други заразни болести. Во тој период не се обновуваат спомениците од турско – арапската уметност и јавните градби, кои претставуваа главен белег на градот, а Чаршијата како целина, и покрај тоа што зазема многу значајно место во животот на градот, многу бавно се развива. Во овој век во Скопје почнале да управуваат паши по наследство, кои наскоро пројавиле интерес од населување на нови жители во градот со што значително би им се зголемиле приходите. Тоа доведува до започнување на процесот на населување на македонското христијанско население од околните села во градот, кое полека активно се вклуцува во стопанскиот живот на градот.