Кафтанџии и абаџии

Еден од најзначајните и еден од најголемите еснафи во Скопје бил кафтанџискиот занает.
Овие занаетчии биле групирани во покриената чаршија каде имале околу шеесет дуѓани. Тие продавале ткаенини, но и изработувале и продавале меки фустани – минтани, елеци, антерии, шалвари... Абаџискиот занает бил застапен како во градот така и во селата, каде што изработувале облека од чоја. Меѓутоа, со воведувањето на граѓанска облека, нагло почнал да пропаѓа. По Првата светска војна во градовите бил во изумирање.