Кујунџии и златари

Во Скопје кујунџиско – златарскиот занает постоел уште пред доаѓањето на Турците. 
Производите од овој занает ги задоволувале домашните потреби и се извезувале во Цариград и Смирна. Кујунџиско – златарскиот занает исто така, имал своја чаршија. Еден од главните чинители во стекнувањето популарност на скопските оружарски производи бил уделот на скопските кујунџии во богатото и раскошно украсување на оружјето.