Турбе Али паша од Дагестан

Се наоѓа покрај источната фасада на џамијата. Тоа е семејна гробница на Али паша од Дагестан. Според својот карактер, му припаѓа на отворениот тип турбиња.Изградено е во 1774 година. Шестоаголно е и е засводено со купола покриена со олово. Турбето е ѕидано со правилни клепаници со минимални спојници и завршува со профилиран венец во камен. На фасадата има плиток релјеф со претстава на џамија со минаре, едно одделно тордирано минаре и две вази со цвеќиња. Турбето е добро зачувано, а околу него се наоѓаат и други гробови, што се донекаде запуштени.