Иса Бегова џамија

Стариот дел на Скопје содржи голем број џамии, што говори за богатиот и организиран духовен живот на муслиманската заедница во текот на Османлиското царство.  Не сите џамии се зачувани, многу од нив се оштетени со време додека дел од нив се уништени во земјотресот од 1963 година. 
Сепак, џамиите кои се зачувани и кои продолжуваат да ја развиваат традицијата на муслиманските верници, претставуваат импресивни споменици на османлиската култура во Скопје.
Доколку сакате да влезете во џамија, треба да знаете неколку општи правила.  Муслиманските верници, во знат на почит кон светиот храм, ги собуваат обувките и ова правило треба да се почитува. 
Жените треба да ја покријат главата со шамија поради муслиманската традиција според која жената е покриена.
Иса беговата џамија се наоѓа во непосредна близина на Бит Пазар, веднаш зад Поликлиниката “Бит пазар“.
http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/images/objekti-isa.jpg
Изградена е во 1475 година во раноцариградски стил по примерот на познатата Махмут-пашина џамија во Истанбул. Нејзин ктитор е Иса-бег, син на Исхак-бег, основачот на Алаџа џамија. Според зачуваниот натпис, џамијата била изградена по смртта на Иса-бег, како негова задужбина.
Иса Беговата џамија е изградена од делкан бигор со хоризонтални редови на тули. Фасадата во горниот дел завршува со дворедни венци изведени во форма на цик-цак. Има лонгитудинална основа која изнесува цели 19 метри, со две куполи покриени со олово, со што и се разликува од другите џамии.
На градбата од северната и јужната страна се доѕидани по две помали простории, со што значително е намалена видливоста во нејзината внатрешност.
Од натписот зачуван на порталот на џамијата дознаваме дека таа била преправена во 1519 година од страна на Мехмед, син на Хаџи Џинџи, внук на Исхак-бег, при што и биле додадени двата странични кораба.

Пред нејзиниот влез можеме да го забележиме најубавиот изграден трем, кој е покриен со пет помали куполи и прекршени аркадни лакови. Минарето на џамијаа е високо цели 34 метри.

Џамијата има масивна дрвена врата на западната страна на која во плитка резба се изведени ориентални шари.

Во рамките на џамијата некогаш постоеле медреса и библиотека со повеќе од 320 разни ракописни книги. Според Глиша Елезовиќ, "како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, оваа библиотека може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век".
http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/images/objekti-ishak.jpg
 Иса-беговата џамија за време на земјотресот во 1963 година, како и повеќето други објекти, претрпе сериозни оштетувања - и беше урнато минарето, кое подоцна, како и целата џамија, беше реконструирано.
Иса бегова џамија била изградена како завет по смртта на Иса беговиот син Ишак бег во 1475 година. На џамијата биле вршени разни доѕидувања, но времето не е познато. Џамијата претставувала извонреден архитектонски објект, а била градена од камен и цигли додека горниот дел на фасадата завршувал со двореден венец изведен во облик на искршени линии. Покривот се состоел од две куполи покриени со оловни плочи.
На османлиите им требало цели 40 години по влегувањето во Скопје да почнат да градат муслимански верски објекти – Џамии.
Најчесто џамиите се градени врз стари црковни објекти и манастири – принципот е дека бог е еден.
Кале е претворено во турски гарнизон а цивилниот живот е пренасочен во долниот град т.е. во денешната територија на старата скопска чаршија, каде осем џамии интензивно се градат анови и турски бањи по принципот на исламска тројка Ан-Бања-Џамија.
иса бег 2.jpg