Папуџиство

Во Скопје и папуџискиот занает е еден од најразвиените и најпознати, чии производи се продавани и во другите блиски градови и во Босна. Папуџискиот еснаф бил влијателен, а овој занает се поврзал со чевларскиот, што почнал да изработува чевли од половината на 19 - от век и во тоа време се сметал како модерен занает.И чевларите имале свој еснаф, составен од христијани, муслимани и Евреи. Во таканареченото Папуџиско одаларе имало 14 папуџиски работилници и дуќани, но тоа денес, во Старата скопска чаршија не постои.