Ќурчиско - кожуварски занает

Најраспространети занаети во врска со сточарството биле кожарството, ќурчиството и папуџиството. Во Скопје ќурчиско - кожуварскиот занает е еден од најстарите и познати занаети со најјак еснаф.Ќурчиите изработувале на рака разни згорни алишта: ќуркови, џубиња, елечиња, селски кожуви, згорни капути и друго. Кожуварите пак, изработувале облека само од кожа, а кожи од дивеч не преработувале.