„Космос“

Посетителите на Старата скопска чаршија речиси, се едногласни дека највкусните ќебапчиња се во еден од најстарите тукашни локали, ќебапчилницата „Космос“, сместена на влезот во Чаршијата, од страната на Бит пазар. Со повеќе од шест децении традиција, овде ќе ги почувствувате најкарактеристичните мириси на се што се подразбира под чаршиска скара,
 а како најрепрезентативен дел од нивното мени се познатите „космоски ќебапчиња“. Овдешната посета е гастрономски празник за непцата и тоа зачинет со љубезноста на персоналот.